Илко, шо аро ќе виде! Не е лошо, болката да го вате. Не е ни старо шо ти човек е.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Покрај тоа, дали е воопшто можно, кога веќе трпиш болка да посакуваш, сѐ едно од која причина, болката да ти биде зголемена ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- „Може ли во болка да се сака?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Жалам што не можев да го претворам во радост секој ден поминат со тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Настојуваше Јана сета болка да ја прикрие со изнудената насмевка на своето лице.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ти бранат без лозинка да зборуваш, ти бранат и да офнеш, на некоја болка да се оѕвиеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми ја знаеше положбата и кој пат ќе ме сретне, ќе ми рече: Ако осетиш големи болки да ме бараш, да не се срамиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не можеш болка да кажеш, на мајкин роден јазик свој песните што ти пеале над тиха лулка шарена, не можеш да ги запееш, дедовци што ти шепнеле на скут во ропски години не можеш да го повториш.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Знам ама не можам да му земам од уста на другите. На сите им се јаде. Сите еднакво ме болат, болка да ме отреби!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)