За да го исплашат населението и да создадат паника, тие започнале со уништување на гасоводите, оставајќи го градот во темница, и да го попречат гасењето на пожарите што ќе настанат и што ќе се шират поради отсуството на помош; потоа тие фрлиле бомби пред поштите, пред англиската кафеана, во градината „Алхамбра“; ја дигнале во воздух отоманската банка преку копање канал до нејзините темели; претходниот ден го запалиле паробродот “Гвадалкивир“; следниот ден се обиделе да го дигнат во воздух телефонското биро...“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мечев исто така фрлил две бомби пред кафеаната „Египет“. Бил урнат Германскиот клуб, како и некои куќи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)