борец (имн.) - против (предл.)

Борец против злодела! Воин кој трага по правдата, онаа човечката правда.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во таа година Тексас се одвојува од Мексико (група јужни држави на Америка бара новата членка на Сојузот да го прифати црнечкото ропство) а Линколн, борец против ропството на црнците на југ, е пратеник во сојузната држава Илиноис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, според фантастот X. Џ. Велс, првпат се споменува зборот социјализам!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакал братов да го земе малиот, да го води со себе и да го направи борец против поробувачите, но не успеал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На нивно место нѐ сместија нас, борците против англо-американскиот империјализам, борците за слобода и демократија сместени во бараки за јапонските заробеници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неправдата постои, постоиш и ти, борецу против неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)