Сега беше застанат над таа длабоко вкопана бразда и знаеше дека тука поминал еден од оние сами диви вепрови, еден таков самјак, каков што може само да се сонува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го доистеравме редот до браздата и туку наеднаш потемне небото над нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Довлечка и студ и ги закова браздите и реките со дебел мраз; по стреите небесни мразулци како сабји и анџари.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Вечерта, како што си вечерале дома, му текнало на Велка за штркот како одел по бразда и како го удрил дедо му со остенот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Испресечена рамница од суви бразди и ритчиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)