- На тој и тој датум, службено се раскинува бракот меѓу Ѓорѓе и Рада. Застана, и на крајот свечено доврши - Општински суд Белград.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сите бракови меѓу членовите на Партијата мораше да бидат одобрени од една комисија именувана за таа цел, и - иако принципот никогаш не беше јавно соопштен - дозволата секогаш беше ускратувана доколку двојката оставаше впечаток дека физички се привлекува меѓусебно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не се излажа, во писмото стоеше еден официјален документ, судски документ во кој судот по службена должност го поништува бракот меѓу Рада и Ѓорѓе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го прогонивме Јан од тој свет, но остана мачното чувство дека ни недостига, оти со него бевме блиски; бракот меѓу Земанек и мене дојде како еден вид алиби дека тој свет е сепак реален: дека во тој свет на партиските состаноци, на маскирањата и лагите, на подметнувањата и притисоците, сепак имало и нешто човечко: љубов, здрава, нормална, телесна, духовна, дека од таа љубов ете, се раѓаат и деца.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)