Набргу стигнаа и тројцата постари браќа кои веќе имаа свои семејства и не живееја со родителите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Шмајзерот го оставив во спалната и до него ливче на кое напишав дека јас тој и тој, другар командире, си одам кај браќата кои крвават и на сабајле, во мугрите фатив пат за Албанија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стерлинг го знае нејзиниот брат кој има појачало и тој ни рече дека може да го земеме тоа појачало само ако ја земеме неговата сестра да ни свири тапани”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Пол еднаш го праша Лу како тоа девојка им свири тапани, а овој му рече: „Многу едноставно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сите се испонасмеаја, освен ние браќата кои знаевме оти за нас се зборува, ама не знаевме што е тоа што старите ни го кријат.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Овде е твојот брат кој се грижи за тебе”, рече тој.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Секогаш траеја долго, цел ден такаречи, се среќаваа со сестра си Пандора и браќата кои веќе беа оженети, со многу пријателки, со братучетките, секогаш беше многу весело.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
А вие, браќа мои, “ - им се сврти на браќата кои беа тука присутни, но не учествуваа во дискусијата, „да кажевте нешто за овие работи?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Кога ќе му влезеше униформиран човек, се збунуваше, делум и зашто не го знаеше бугарскиот јазик, така што опслужувањето го преземаше мојот постар брат кој поради сето тоа, го напушти школувањето и се предаде на работата на дуќанот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Зошто? Така сакаше Марјанти... која постојано велеше дека неа од борбениот строј ја откина генералот Маркос и ја прати тука, во Драч нас да нѐ чува, да не учи како да ја сакаме борбата и брзо да растеме за да го продолжиме делото на нашите татковци и браќа кои храбро се борат против англо-американскиот империјализам.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Јас - рече високиот и сув маж – сум Порфирогенис, член на ЦК на КПГ и заедно со моите другари дојдовме да ви донесеме борбени поздрави од вашите татковци, мајки и браќа кои херојски и несебично се борат за слобода и демократија и против англоамериканскиот империјализам и нивните домашни слуги кои си седат во Атина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Можете ли да доживеете поголемо разочарување, поголема несреќа од таа што ја гледате и слушате од устата на вашите браќа кои исто така со денови, со ноќи, со векови се подготвувале за бегство.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
(Но нели, и убиецот на Злосторникот е убиец?) А притоа, како да се Ослободам од помислата за петгодишниот брат Кој беше исто толку мал и беспомошен (Притоа и смешен) додека патуваше по морето На животот во гондола од џиновската обувка на татко ми?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Гитарата ја наследи од нејзиниот брат кој загинал и ја оставил за спомен.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таа не знаеше толку да свири на гитара колку што ѝ служеше за плачење.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мајка, во еден миг, се загрижи, па испрати еден од браќата кој штотуку беше дојден од училиште за да види што се случуваше со ќерката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)