братучеда (имн.) - ѝ (зам.)

Откако тетка Олга од другата страна го грабна телефонот, очигледно алармирана дека некој се јавува од странство, и покрај тоа што не стоев блиску до мајка ми, можев да го слушнам целиот разговор, од причина што и тетка Олга врескаше како да се довикуваат со братучетка ѝ од едниот до другиот крај на огромно поле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На крајот попушти, откако ставив уште едно парче свинско во устата и со сила го голтнав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетин ми ја подигна едната веѓа сакајќи да ми укаже на тоа дека слушнал, а тетка ми заниша со главата и констатира дека веднаш мора да јадеме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка ми со години планираше да отиде и да ја види братучетка ѝ, но никако да се крене и да го помине долгиот пат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)