Ваквата забрана за дискриминација се однесува на пристапот до вработување, условите за работа, како и откажувањето на договорот за вработување на работничка во состојба на бременост или пак кога користи права кои произлегуваат од раѓање (во т.н. постнатален период) и родителство (чл. 1 од ЗИДЗРО/ јан.13); г) во контекст на погоре анализираниот чл. 9-б, измена претрпе и чл. 11 од ЗРО, кој го регулира товарот на докажување (onus probandi) во случај на спор и измените предвидеа дека кога е постапено спротивно на чл. 9-б, товарот на докажување, при евентуален работен спор, паѓа врз работодавачот (чл. 2 од ЗИДЗРО/јан.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ваквата формулација отвора простор за дополнителни притисоци кои работничката, отсутна поради бременост или родителство, би можела да ги трпи од страна на работодавачот, пред се, ако тие решат да се спротистават на хегемонијата на волјата на „газдата“ и се одлучат да го искористат ова свое загарантирано право тогаш кога тие сметаат за потребно; ● четврто, се воведе право на неплатено родителско отсуство на работничката заради грижа за детето, до три месеци, по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство до периодот да наршување на тригодишна возраст на детето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Права и обврски на работодавачот а) беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос, вклучително и семејниот, брачниот статус и планирањето на семејството (чл. 9 од ЗИДЗРО/септ.10), а оваа забрана беше дополнета со измените од јануари 2013, со кои се забранува барање на тест за бременост или потврда за таков тест, без оглед на работното место за кое се заснова работниот однос (чл. 3 од ЗИДЗРО/јан.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)