Таа беше прекриена со една наметка, со сиво светла боја која ја покриваше од глава до петици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Стоеше над мене, со книга и калем в рака, и на книгата, со наши букви беше испишана тајната запишана на Папокот од светот!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На насловот на предната картонска фасцикла, која беше доста дебела и подврзана со другата страна со јаженце, со големи букви беше напишано, со познатиот татков ракопис: Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Среде апарtтманот се наоѓаше еден телевизиски приемник кој беше активиран и одненадеж на екранот, со големи букви беше напишано едно име на кое не можам со сигурност да си спомнам дали беше Македонија или Монастир (и покрај моето незнаење знам дека е тоа старото име на Битола).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Извади од џебот четврт долар. И на него, исто така, со мали јасни букви беа испишани истите слогани, а на другата страна од монетата главата на Големиот Брат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во него секоја буква беше сликичка што лесно се сочинува, лесно се помни и лесно се отклучува значењето нејзино, оти сликите најлесно ја предаваат душата нивна, значењето: еднакви се по значење со самите себеси, со она што нацртано со сликата е.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)