Двете чорлави, бездомни деца се населија во него и првата преспиена ноќ во вагонот беше една од најмирните, најспокојни и најрадосни ноќи во нивниот скитнички живот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
До пладне сите вагони беа нагнетени и црната глава го исписка знакот за тргнување.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Два месеца останавме во хотел. На еден кревет спиевме по четири и по шест деца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Влеговме во возот на чии вагони беше нацртан голем црвен крст.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)