Наместо тоа, тие вистински вдовици дале урнек, метафора, слика, улога што можела да послужи како некој вид замена за едно машко геј-медитеранско вдовство во перформативна изградба – вдовство што и самото, нужно и страдно, било и бизарно и валидно и плитко и превистинско.
9 СТРАДАЊЕ ВО НАВОДНИЦИ
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд, како и Дејвид Мекдијармид, Том Ширер и Беовулф Торн, пред сѐ тераат шега со сопственото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)