Добро, па како сакате да ви одговориме на факти кои вие сами ги засновате на филолошките безумства на Милоша Милоевиќа: дека Балканскиот Полуостров уште од памти век бил населен со Срби а само 200 илјади Бугари - Татари дошле и ги побугарчиле Србите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Западната медицина за прв пат почнала со употреба на канабисот во 1840-тите и низ целиот деветнаесетти век бил употребуван како лек за сѐ, од менструални болки, главоболки и несоница до труење со стрихнин и делириум тременс.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тука од векови бил развиен занаетчискиот цех на тантеларите. Тој примат и денес го држи во свои раце.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во тој период започнува и пресметката со ориентализмите кои со векови биле дел од балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И шпанските муслимани биле насилно преобраќани во католици: тоа е историјата на мориските (les morisques), додека триста илјади муслимани во почетокот на XVII век биле прогонети од Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Долго време се сметало дека во Европа барутот во XIII век бил пренесен од арапската цивилизација, заедно со некои други пронајдоци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но се чини дека Монголците одиграле пресудна улога, преку нив барутот да стане и оружје на Османската Империја? продолжи Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ориентализмите сведочат најмногу за тоа дека османската култура била тука, на Балканот, повеќе од цели пет века, а потоа исчезнала!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неговите тнр. nocturnae, ефектните сцени на темно и светло под светлината на свеќи, газиени ламби, факели итн. веќе во 16-иот век биле многу ценети.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Им приложи документи укажувајќи им, дека, според турскиот ферман, целата територија на манастирот и селото Пискупие ѝ припаѓала на Корчанската каза; дека манастирот низ вековите бил многу посетуван од верници од цела Албанија кои давале многу средства за неговото обновување по разните разурнувања и пожари; дека манастирот има големи чивлизи во Корчанската епархија од кои живее.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Историчарите кои стојат зад горе наведениот заклучок, тврдат дека луѓето во средниот век биле многу дарежливи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сето тоа, според разузнавачот, се должело на вековното уназадувањето на народот, кој со векови бил владеен од другите држави „и сето тоа го забавило нивниот прогрес“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој ќе забележи дека во Македонија имало многу малку индустрија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И враќањето почнувало како и поаѓањето: вкочанета старост со прекрстени раце и труп на оган.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)