Азија со нејзините угнетени народи - има своја баштина и низ вековите можеше нешто да оствари од неа.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Низ книгите откривавме и сликари кои никогаш не беа стапнале во градот во кој мечтаевме да живееме брат ми и јас; во оние за Бројгел и Дирер, меѓу фигурите на нивните слики, ги баравме будалетинките, тој веќе со векови исчезнат подвид на хомо сапиенсот, ги препознававме по чудните капи, најчесто со магарешки уши, или со две или три испупчувања налик на рокчиња, понекогаш со туфнички на нив; будалетинките, кои уште во времето на фараоните ги забавувале владетелите кажувајќи глупости, а скривајќи ги во нив најголемите мудрости, будалетинките кои секогаш се наоѓале во европските дворови покрај кралевите, кнезовите, грофовите; будалетинките кои сѐ до шеснаесеттиот или седумнаесеттиот век можеле да се најдат насекаде по Европа, се шуткале од град во град, од село во село, земале по некој грош на прославите на празниците; будалетинките, оној дел од човечкиот род кој можеби со мудрост се откажал од разумот, тие можеби свесно решиле да бидат за потсмев на останатите луѓе, потсмевајќи му се така на целиот свет, а и на оној кој светот толку погрешно го составил; токму таа свест дека светот е погрешно составен била можеби главната причина да се откажат од разумот. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
159. Незадоволството на Мисирков од „македонските пишувачи” од XIX и почетокот на XX век може и да се разбере, но несфатливо е како не можел да ја согледа појавата барем на еден В.Чернодрински, чии дела беа печатени или претставувани на сцената и пред напишувањето на книгата „За македонцките работи”, додека самиот Мисирков беше негов личен познаник.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во салонот на Берта Ауербах, сместен на спратот над собата на Сара, секоја среда навечер се собираа десетина млади луѓе кои се докажуваа едни пред други, обидувајќи се да кажат нешто умно за животот, за љубовта, за музиката и за литературата, и скоро се натпреваруваа кој ќе остави посилен впечаток.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ф.Мајер ќе додаде дека „склоноста кон утопија низ вековите може да се објасни како природна склоност на човекот да се воздигне над историскиот момент“.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)