Во овој наш век нема ништо полековито од времето, од неговото минување, чиј што тек, со една прекрасна точност, длаби корито за секого од нас.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Името Бугарин, како што се гледа, до половината на XIX век немало за нашите предедовци поголемо значење од имињата: христијанин, рајатин и каурин.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јас су решила црн Ѓуптин да зема, вдовица до векот нема да седа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А во XI век немало ништо. Ништо! Само темница и луѓе што живееле во земја како црви.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Зарем католикот Пашко Васа од Скадар, некогаш гувернер во Либан на Отоманската Империја, уште во XIX век нема на најдобар начин да ја означи заедничката определба, на која и вие денес се повикувате: „Религијата на Албанците е албанството”.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)