вера (имн.) - е (гл.)

А секоја вера е непреодолива кога ќе се запали фанатизмот на верникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Верата е лага, човеку. Сите сме исти пред бога, зашто бог е еден, па макар да се нарекува и Алах.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сите цркви се лажни, само верата е вистинска.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А Филозофот продолжи со преподавање на чудната ука, рече: „Знаењето слично на светлината природна е, а сесрдната вера е слична на топлината природна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Несомнено е дека нашата стара словенска вера е вградена во новата, заедно со паганските култови, со обичаите и боговите кои добиле нови имиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ибн Тајко ништо не знаеше и за нив, па затоа побрза да рече: „Верата е едно, а книгите се друго.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овој народ, кој живеел меѓу рисјаните и муслиманите и кој не влегувал во судири со нив, не може да се определи која вера е за него подобра.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)