Еве што се случи понатаму: кога во Бошка остана малку вера дека ќе се спаси од Лумана и покрај готовноста на Дика за атер негов да рече некој збор, во одајата влезе некој од момците и рече: - Чорбаџи, ефенди Луман доаѓа!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Цел живот копнеев да воспоставам едно рамновесие низ љубовта да израснува јазикот на мојот народ како надеж, како вера дека она што доаѓа е вистинското по кое копнееле оние кои како единствено наследство ни го оставиле - јазикот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ја исполни празнината со надеж и вера дека еден ден и јас ќе бидам цела. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Замката на политичкото и сексуално ослободување на жената беше токму во тоа што на жените им се влевала вера дека се жени: тогаш идеологијата на женственост е таа која ја зема превласта, а правото, статусот и идејата, сето тоа победува со верување во нивната сопствена суштина.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тој не ја знаел темната јадосаност на Куно Бунгур и неговата вера дека соништата на ноќта што доаѓала се само негови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето што го виделе како се скаменувал пред тоа на прагот на чудесната жена по која уште неколцина со извртени очи дишеле забрзано и го следеле како чекори и мавта со рацете како пред бескраен лет, не го засегале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Цел живот копнеев песната да се сврти само кон љубовта. И кон страдањата, се разбира.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)