верба (имн.) - дека (сврз.)

Тој се трогна од грижата на оваа мајка и му се утврди вербата дека ќе дојде време кога самиот народ ќе трча за просвета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Скриени зад својата избледена наивност, стекната во социјализмот, напорно работеа, потпрени на вербата дека трудот ке биде награден, придонесот ке биде ценет.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Продолжи да живееш во надеж, со верба дека еден ден ќе ги споиш „лотосовиот цвет“ со блесокот на скапоцениот камен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа ми ја хранеше вербата дека ќе се вратиш, дека нема да нè заборавиш и напуштиш.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- И верба дека ќе се успее...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа непопустливо однесување на болката ја поддржуваше нејзината верба дека еден ден засекогаш ќе се ослободи од неа, верба која, исто така, се потпираше на тоа што болката сосема неочекувано се појавуваше и не ѝ оставаше долготрајни траги.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова е добра поука, треба сомнежот и рационалноста секогаш да ги држиме будни затоа што можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ ќе му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој го манифестира својот вкус и како способност за јавен интелектуален став со кој од еден социо-историски и културен контекст може да се проценува и оценува убавото и вредното во уметноста, нагласувајќи постојано дека „сомнежот и рационалноста секогаш треба да ги држиме будни зашто можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ може да му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нана тоа го знаеше затоа пред да ја спуштеше покривката врз мене бараше да бидам измиен и чист и со добра мисла, особено со вербата дека Господ е постојано со мене.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ова чувствување од читањето на овие книги е единственото охрабрување во вербата дека има излез.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓутоа, контекстот во кој го открив делото на Луан Старова беше посебен и јас ја чувствував потребата да им оддадам почит на овие исклучителни суштества какви што биле неговиот татко и неговата мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Исцело бевме посветени на вербата дека ќе победиме иако секаде губевме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа е потполно празна верба дека непосредното искуство е сознајно повредно од, на пример, дистанцираната рефлексија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Малку да ми подвикнеше, душата како да ми беше наштимана веднаш за плачење и губев верба дека ме сака.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сепак, довербата што му ја укажуваше Игор Лозински, го исполнуваше со храброст и верба дека може да оствари и позначајна мисија отколку што си ја замислуваше како емигрант.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Најпрвин, додека го слушаше, се исполнуваше со гордост во зацврстената верба дека Езерото му остануваше дефинитивна Татковина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Благодарение на нејзините контакти со централниот синдикат таа добива поддршка и правна помош во остварувањето на нејзините работнички права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обраќањето за остварување на своите загарантирани права таа го реализира после две години откако истите ѝ се прекршени, поточно кон средината на 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ниту таа, ниту колегите кои се решиле на ваков чекор – по судски пат да си ги остварат своите права – не се обратија до Трудовата инспекција, бидејќи немаа верба дека овој државен орган нешто би помогнал во конкретниот случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)