Меѓутоа и покрај прогоните на христијанските мисионери и верници од страна на еврејската заедница и римската државна власт (Нерон, Трајан, Валериј и др.), во 313 со Миланскиот едикт за толеранција била гарантирана целосна слобода и еднаквост во вероисповед за христијаните, враќање на црковната сопственост и елиминирање на култовите на државата.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Вест која радува:
младост на обликот (Модилјани)
ластерки на личотијата од нов вид
- а прстите на цветаева невидливи
врз тилот на долгата жешка зима –
мимика на притивнат протест
сѐ-на-сѐ
антиграматика на очајот
- спознај се самиот себеси
и уште (асоцијации за вратот)
теснец кој пулсира – притеснета надеж
клисура во која одекнува контрабас
а мажите аргонаути, крзнољупци
верници од инакви светови
не се откажуваат од потрагата:
влезот во жената е бескрајно долг
да биде волјата ваша
слободна!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)