Верувањето дека ништо не постои надвор од твојот сопствен ум - мора да постои некаков начин за да се докаже дека тоа е погрешно ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Океанското општество, во крајна линија, почива на верувањето дека Големиот Брат е семоќен и дека Партијата е непогрешлива.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веруваше дека нивната коалиција, за доброто на Балканот, ќе трае колку што ќе живеат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тие се задоволуваат со тоа да лутаат по електронските патеки на киберспејсот и да влегуваат во системите по ќеф. На киберпанкерите „не им е незгодно“ да ги уништат или искористат информациите што ги наоѓаат. Презриви потомци на хакерите, тие сметаат дека девизата на постарите „Гледај но не допирај” е чиста глупост. „Една од работите која нѐ разликува од хакерите е нивното верување дека „информациите се моќ“. Ние велиме „Моќта е моќ“, вели Св.Витус.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Уште еднаш Рози се врати на верувањето дека Френк ја ставил змијата таму.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И кога конечно стоеше таму, теоријата за сонот, или за верувањето дека тоа било сон, беше уништена.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Верувањето дека ја сонувала змијата, а не дека вистински ја видела, целосно почна да ја опседнува.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Туку што стана, тој пак се врати, го отвори блокот и на внатрешната страница од картонскиот капак запиша: Сѐ во врска со приказната треба да биде така „документирано“ што авторот мора на читателот да му наметне верување дека тој ја зборува вистината и само вистината; но истовремено да биде несомнено и тоа дека сѐ што е раскажано е исто толку и повеќе од толку целосно измислено така што секоја сличност и помисла на стварноста да биде случајна; тоа го наметнува творечаката лага на којашто ќе биде подложен читателот привилегиран со вистината што следува!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како да заборави да одречува, толку наеднаш беше понесен од верувањето дека работите ќе појдат на добро.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
До крајот на 1960-тите, антропологинката Естер Њутн можела сосема опуштено да зборува за „распространетото верување дека хомосексуалците се посебно восприемчиви за естетските и за префинетите нешта“.10
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Остана верувањето дека само низ следењето на патот на јагулите ќе биде можно, не само тие да се следат, туку и да се оствари враќањето од пределот на поаѓањето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Најчесто, овде, поразен остануваше народот, со векови закоренет, имајќи ја фаталноста како надрелигија, односно верувањето дека сѐ ќе мине, оти и империите не се вечни.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)