Сеедно. Сѐ што се случило продувало како вештерски ветар што се врти виорно во круг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Проклетството на погледите што го следат од прикрајоците, гласот на ветрот што сенишно свири низ празните маала кое насекаде го следи...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
По тој настан, натопен со крв и џагор на колеж, никој не се стутулил под јакуцка, малодушнички да се враќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Цви Корец не сонува веќе. Кога спие гледа само црно.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)