Среде жито стасано до жетва се изделуваше осамено пламенче - стракче црвен мак. Безутешно: топол ветар во пладнето му ги откина листенцата, му ги одвеа некаде, ги разнесе...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
На дождот му се придружува брз ветар во бранови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога веќе сакав и самиот со крик на ветар во себе да го пречекам неговиот удар на ветрот, на тоа чудовиште на ноќта, ги здогледав: стоеја во вовлечена врата на некаква куќа со бетонски орел на покривот и прегласно за една таква студена и дождлива ноќ се смееја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јас не можам да сонувам писок на ветар во твојата мртва уста. И јама на едно чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Патуваа со мене над бездни, и јас не можев да чујам од железниот грмеж дали свири ветар во нивните празни усти.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Додека ветрот фучеше околу мојата глава посипувајќи ме со песок, заспав. Заборавив дури и дека сум жеден.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Веднаш и тоа се качи зад мене и викна нешто. Камилата се исправи и потрча. Се натпреваруваше со ветрот во брзина.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Дали има кај вас ветар во магла, го прашувам јас Витомира, го зазборувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Нашава работа е ветар во магла, вели Витомир.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)