Италијанците ги навредуваат Словените, Словените Грците, Германците Русите, Французите Германија и, речиси, исто толку Англија. Мислам, сите имаат право.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Воздухот го беше измила олујата од претходниот ден, и го беше прочистил ветрот од пазувите на Баба планина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Од купиштата рибини отпадоци, што ги разнесуваа галебите, бели како снег, се ширеше застоена реа. Ни трошка ветар од отвореното море.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)