ветар (имн.) - и (сврз.)

Менувањето на правецот на ветровите и притисоците на воздухот, заедно со ненадејното пореметување на температурата, таа нејзина брановидност, ја чинеше недопирлива.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Веројатно мислејќи на бавчата со рози низ која шеташе мокар ветар и девојки во розови наметки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сѐ почесто небото се намуртува, сѐ почесто дуваат студени ветрови и носат магли и дождови.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тогаш детето сфатило дека најсилна е работата на човекот, таа е посилна и од сонцето, од облакот, од ветрот и од карпата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од лицата им се губела зимската мувла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак некои од луѓето можеле да наслушнуваат брзо чукање, скржлаво во звукот, тивко; тоа или земјата си го одбројувала крајот или нечие срце било пред молкнување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Деновите се склопчувале, згуснатите снегулки понекогаш го смекнувале студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот Дмитар-Пејко сепак знаел како изгледа она што другите не го гледаат и знаел дека од дебелата 'рскавичавост на животното се одбива семоќен ветар и паѓа врз нив разбиен во капки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и ги стискале клепките иако можеле да догледаат дека низ порабен облак се покажало крајче зимурлава месечина. Бездруго со изѕемната муцка на бескуќен никаквец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе удри мразот, седат околу огништето, го слушаат завивањето на дивиот ветар и пророкуваат - по лутата зима иде плодна година.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кос дожд се спушта под удар на западен ветар и по калдрмата потскокнуваат прскалки со жолти цистерни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Расфрлени од ветар и од претчувства дека ќе се случи нешто големо и незаборавно, нешто што ќе е важен дел во историјата на животот и на светот, на небото плачеа жерави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бистриме така граматика, политика, а ветрот нѐ удира в лице, нѐ бричи на суво. Ја ваби зимата ветрот и ни ги собира очите, ни ги сменува погледите, ни ги разменува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Санката почнува да се лизга сѐ потивко и потивко, фучењето на ветрот и на лизгањето не се веќе толку страшни, здивот веќе не застанува во градите и ние најпосле сме долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку подоцна таа доаѓа на себеси и веќе со прашање ми се загледува во очите: јас ли ги кажав овие четири збора, или пак само така ѝ се сторило од виорот на ветрот сред шума?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Над него се простирала загатвила степа без одговор на неговите маки, дел на татковината во која човечките жили се зајакнуваат со степски ветар и кобилско млеко.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Улицата повремено ја осветлуваат веди. Кос дожд се спушта под удар на западен ветар и по калдрмата потскокнуваат прскалки со жолти цистерни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чудесно ќе те изненадат, ќе ти го изнаполнат срцето со топол ветар и веќе си сосема друг - гледаш само убави работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од таму поддувна ветар и ги олесни гранките. Врз неа паднаа шепи снег.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќебето што истовремено беше и врата, нагло се подигна и во земјанката се втурна бран студен ветар и по него влезе Аргир.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа Пелагија ја потсети на салашот крај унгарската граница кога разговараше крај топлата фурна само со ветрот и Мурџо, додека Пеличка сѐ уште немаше запретано во неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од неа, од нејзиниот центар, на сите страни постојано дуваа ветрови и в час ги растураа, ги туркаа натаму од сртовите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)