Излези во мугрите, излези во ранина На висока, скалиста, снеговита планина, по лицето, снагата ветрот да те милува, мисла ненаслутена в умот да раскрилува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
„Ако се случеше во сонот да се одвои од неа (земјата, заб. М.), ќе срипаше како попарен, исплашен да не се претвори во пердув, ветрот да не го подземе.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)