Таа негова љубов кон добитокот се виде уште со неговото прво доаѓање, со неговото прво поставување за ветеринар во околијата: до што имаше најлични имиња на светот, им ги нареди: на кравите: Катерина, Робертина, Жозефина, Офелија, Клеопатра, Јулијана, Магдалена, Корнелија, Афродита, Лукреција, Клара, Лора, Геновева, Розета, Елеонора, Барбара, Дездемона, Тереза, Венера, Фредерика, Филимена, Карменка, Вероника; на воловите: Ромео, Жак, Рудолф, Карло, Птоломеј, Сократ, Титан, Цицерон, Јупитер, Валентино, Емануел, Овидиј, Колумбо, Леонид, Исаило; на коњите: Бизмарк, Цезар, Хорациј, Отело, Хенри, Наполеон, Нерон, Дионисиј, Клар, Бенјамин.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)