Наидувам на книгата легната на патот, недопрена од ветришта и дождови, знак на цивилизација среде море светулки, ноќни животинки и караконџоли.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Зарем по тамошните ветришта и снегови ќе ги токмиме нашите умови?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Луњи да кршат и да не го скршат Земја да се тресе и луди ветришта и суводолици тоа да расте над нашата несреќа високо - На него да се обесиме!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Баба Ристосија остана сама во Горно Село. Од неколку стотини селани, остана сама за да ги варди душите на мртвите од сколовранците и гавраните начичкани по плотовите на селските гробишта, за да има од што да се плашат плашилата по бостаните, распарталени од ветриштата и дождовите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Потоа, дваесет дена сувите ветришта и врелото дишење на пустинските пространства го сушеа и истенчуваа телото, ја слабеа волјата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од лево и од десно, од напред и од назад, се здадоа гласови Каде стигнуваат другите што се обесуваат на возовите како црни мадиња? или нас сакате да нѐ заборавите тука? да нѐ оставите со ветриштата и виулиците, со дождовите и со жештините? да нѐ оставите да нѐ смукне оваа проклета рамница како да сме изгниени мушмули?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Ми јавија ветриштата и – ве спасив.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Значи тој е задржан од страна на господарот на ветриштата и волшебникот Желбоноско!?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Ми јавија ветриштата и – ве спасив. Сега што сакате уште?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
А кога задуваа утринските ветришта и сонцето почна да изгрева, собрав храброст, Височество, и скокнав удолу.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Милијарда години гравитацијата нѐ задржуваше дома, подбивајќи се со нас, со ветриштата и облаците, со губарите и скакулците.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога дивеат луњите, воздивнуваат ветриштата и кога времето лудува, тоа за Марино значи дека станува збор за gemiti d’amore, moti amorosi (Љубовни воздишки, Љубовни ритмови).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Вистинска ризница на такви мотиви е Адон (1623) на Г. Б. Марино, како што се тоа веќе во 16-иот век некои дела на Џулио Романо и Петер Флотнер, а во литературата, меѓу другото, Аретиновите Ragionamenti и Vie des Dames Galanteс на Пјер Брантоме (1540-1613).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)