Црвеното - белото - црното како основна компонента во составот на светот (?): Во културата на Тера Амата (ок. 23.000 год п.н.е.) е забележана истата тријада со потврдена сакралност во таа култура и карактеристична (не само на визуелен план, од аспект на впечатливоста на боите во оваа комбинација) сосем можно, за homo sapiens воопшто, што делумно се потврдува со сликарството на горниот палеолит; освен тоа: некои римски обреди, во кои на боговите од трите видови им се жртвуваат животни со црвена, бела и црна боја на крзното; некои хетитски ритуали за повикување на духови (духовите се појавуваат од црвениот, белиот и синиот пат). куса забелешка: модро - сино - плаво: Словенското „модар“ генетски корелира со литовското madaras со значење на „нешто валкано, нечистотија“. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 105
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се присетија и на првиот бакнеж кога си ги држеа образите прилепени еден крај друг чувствувајќи како им горат; гледаа некаде пред себе во ливадата, а всушност видот им се замаглуваше, добиваа слепило; потоа усните им се најдоа допрени една до друга како две врели жарчиња; црвенилото од образите им зашета по телото и почна да им иде вртоглавица, но пријатна како од први голтки алкохол.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Меѓутоа оваа разлика меѓу сетилата-теоретичари и да ги наречеме „валканите” сетила на непосредното уживање, значајно нè насочува кон темелната стратегија на традиционалната естетска теорија и нејзините класификации.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Лесно можеме да сфатиме дека во западните уметности на слухот и видот им одговара комплексен, развиен, на ниво на „теорија на сетилното” воздигнат предмет, а тоа се музиката и ликовната уметност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)