вид (имн.) - компензација (имн.)

Но, како еден вид компензација, не знаеме само дали поради грижа на совест на законодавецот, е воведена една друга слична одредба, којашто е порестриктивна vis-à-vis претходната, бидејќи се однесува не на сите видови одмор, туку само на годишниот. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, како еден вид компензација за перманентното пролонгирање на старосната граница за одење во пензија, се забрани прекувремената и ноќната работа за оваа категорија работници (чл. 180, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Аналитичките психолози многу често кај творците откриваа знаци на душевно страдање или ментална неускладеност, па уметничката креација ја сфаќаа како некој вид компензација на незадоволените базични желби на личноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)