вид (имн.) - федерација (имн.)

Односно, дали Македонија ќе се задоволи со федералниот статус во рамките на југословенската федерација или ќе настојува преку федерацијата да го реализира обединувањето на Македонија во рамките на Југославија или во некој друг вид федерација, на пример балканска или во рамките на бугарско- југословенска федерација во која би влегол и делот на Македонија под Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од тие причини, британскиот политички естаблишмент цврсто застанал на становиштето за статус кво во однос на Југославија, а посебно да се оневозможи секој обид за обединување на Македонија и оној вид федерација под знакот на пансловенското и комунистичкото обединување, зад кое би стоел СССР, а сè со единствена цел, да се намали силата на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во врска со прашањето каква ќе биде иднината на Балканот, дали ќе има некој вид федерации, Радиша истакнал дека искуството од минатото покажува дека тие не ја донесе заедничката безбедност на Балканот, односно "не ја зачуваа балканската неутралност или обединетост во војната против Оската".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се сметало дека по војната Грција не ќе може да се грижи за себе и да се одбрани во случај на загрозување на нејзината територија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она во што биле сигурни британските експерти, според развојот на настаните, било дека самото формирање на македонската држава во основа не го исклучувало прашањето за обединувањето на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој истакнал дека "на балканските конференции одржани во Атина, Истанбул, Букурешт и во Солун, Бугарите секогаш биле опседнати со нивната сопствена ситна национална работа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)