Со ЗРО (2005) беа воведени и некои сосем нови одредби, особено во делот на „Видовите работен однос“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, покрај веќе постоечките дотогашни, законски предвидени, видови работен однос (на неопределено време, на определено време, работен однос со приправници и работен однос надвор од просториите на работодавачот) – беа воведени и следниве можности: а) договор за вработување со скратено работно време кај еден работодавач – кога работникот работи за време кое е пократко од полното работно време кај работодавачот (чл. 48, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
До дополнителни штетни последици кај овој вид работен однос дојде со промените во онерозноста (правото на работникот на плата за извршена работа), кога претходната формулација која пропишуваше дека 19 на работникот – приправник не смее да му се исплати плата која е помала од 50% од најниската плата на работното место за кое се оспособува, беше заменета со нова, но сега дека таа не смее да биде помала од 40% од основната плата за конкретното работно место (чл. 26 од ЗИДЗРО/ септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
3. За периодот на нашето истражување одредени промени и дополнувања претрпеа и одредбите кои ги регулираат „видовите работен однос“ и тоа: а) кај договорот за вработување со приправници (приправнички работен однос), со измените од февруари 2013 година дојде до промена на чл. 59, кој го регулира ограничувањето на отказот на приправникот од страна на работодавачот, кој беше надополнет со уште една нова основа за отказ, и тоа во случај кога ќе дојде до кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски, утврдени со закон (чл. 9 од ЗИДЗРО/ фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
5. Беа воведени и промени кај веќе постоечките видови работни односи: а) Во врска со одредбите што се однесуваат на статусот на приправниците, со ЗРО (1993) се избриша одредбата на ЗРО на СРМ (1990) која велеше дека приправникот кој врши волонтерска работа има право на здравствено и инвалидско осигурување, за инвалидност и телесно оштетување предизвикано со повреда на работа или професионално заболување, како и право на соодветен паричен надоместок за вршење на работите и задачите утврдени во општиот акт, односно колективниот договор – на товар на средствата на организацијата надлежна за работите на вработувањето (чл. 5, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)