Она што интенционалистичкото објаснување го смета за некохерентно, е Витгенштајновиот чекор од признавањето на конститутивното значење на овие факти кон тврдењето дека со тоа се исцрпени сите факти.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со ова е поврзана и поентата дека интенционалистичкото објаснување, наспроти Витгенштајновото тврдење, не повлекува дека правилата го поседуваат оној вид или степен на автономија која би ја сугерирало нивното разбирање на платонистички начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Роботот на Брацели Треба да се потсетиме како Федерико Зукари во својот славен трактат ги разликува трите вида или трите степени на кончетистичката уметност на Идејата: 1. “disegno naturale”; 2. “disegno artificiale”; 3. “disegno fantastico”.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Токму поетиката – општествената и формалната анализа на разните видови или конвенции на дискурс – е таа што, уште од Аристотела наваму, ни давала систематска анатомија на жанровите.
Определувајќи ја поетиката како категорија врз основа на која сум решил да ја врамам и насочам анализата, сакам да нагласам дека оваа студија пред сѐ ќе се сосредоточува на општествените и на културните облици во нивната позитивност, како автономни предмети на описот и на толкувањето и нема да ги сведува на обични изрази и производи на општествениот процес.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И пак не знаеше, распнат од мисла до мисла, дали во него се разбудува нагонот на видот или го мачи стравот да не биде сам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)