Потоа топлината и влагата се претворија во некакво пецкање, па пак во течна топлина и на крајот во болка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Можеби надвор некаде залутала... - рече таа загрижено и го стави првиот залак во уста, - Тврдо е. Не чини месото.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)