ТЕОДОС: (За тоа вреле и сам гледа насекаде по нив и каде ќе најде влакно или прашинка, чисти со подувнување или почесто со изопнување и исфрлање средниот прст закачен на палецот, што кај нега е постојана навика и автоматизиран гест.) Влакненце да не оставиш!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Еве што останува по смртта на еден човек со нормална тежина: 0,150 кг. содиум нитрат 0,255 кг. стронциум 0,800 кг. магнезиум 4,650 кг. калциум карбонат 21,375 кг. калциум фосфат 21,375 кг. колагенски влакна Или вкупно – 43, 430 кг. И ништо повеќе. И ништо помалку. Нема душа! Нема душа! Нема душа!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
ТЕОДОС: Кој знае колку време ќе се матка онаа фатена во рацете со таа дамка.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)