Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)