Од блиските планински предели, селаните што не беа вклучени во „доброволните” работни задруги, доаѓаа во градот со своите верни кози, со надежта на властите дека од овчари ќе станат брзо работничка класа која треба да ја доврши социјалистичката револуција.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мирослав Спалајковиќ, Недиќевиот Розенберг, требаше да ги убеди српските селани дека не е можно натамошното заедништво со Хрватите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Константин Фотиќ, југословенски амбасадор во САД, требаше да ги убеди американските власти дека Југославија нема морална оправданост за своето постоење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Зашто, и покрај отвореното сомневање на властите дека станале ајдутски јатаци, а тоа никако не можеше да им се докаже, Боше и татко ѝ на Драганка беа далеку од Потковицата, тие не само што продолжија да купуваат земја, туку и од Тахир бег сѐ откупија и уште додека беше жив стрико Никола нивни се наредија да бидат трет сој, по богатство и по влијание во Потковицата, веднаш по Дамческите и пред нив Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Барајќи ја својата смрт, тие всушност уште два дена ги продолжиле атентатите, уште два дена го држеле во ужасна напнатост целиот град и уште два дена ги потсетувале беспомошните и фрлени и во бес власти дека се тука.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
А родителите, претепаните родители веќе азбучат: ,ветувам пред бога, пред луѓето и власта дека од денес ќе престанам да зборувам на славјаномакедонски дијалект, секаде и во секое време".
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Христијаните стравуваа да не Турците, за да пружат докази пред властите дека навистина е тој, Јован Акиноски, е злосторник каков што не ќе се роди друг во царството, одново искасапат некое христијанско семејство, а Турците, татковците, веќе уверени дека колежот над Акиноските го извршиле нивните синови, да не гласот за тоа допре до султаните во Константинопол па и едните и другите молеа бога да отпочне нов брј со Маџарско, за тоа веќе и се зборуваше во царството, и сета таа грозна историја да пропадне во заборав.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Гркоманите беше го наклеветиле на властите дека го бунтува народот против султанот и ништо не помогнаа ни поткупите, ни молбите и ниту, пак, вистинските и честите свидетели.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)