Земјата- домаќин често за да покаже престиж, приврзаност, блискост, дури и влијание кон дипломатскиот кор организираше привлечни патувања во земјата, посета на значајни индустриски и културни центри, но најмногу внимание се приредуваше на дипломатските ловови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Според експертите, од трите "алтернативни политики", последната (г) се чинела дека е "единствената изводлива во овие услови и во оние што веројатно ќе преовладуваат по војната".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
"Г) Да го насочиме нашето влијание кон Балканот преку консолидирање на нашата позиција во Грција и во Турција и да се воведе и искористи Турско-грчкото пријателство како фундаметален фактор во југоисточна Европа и во Источниот Медитеран; и "II/ додека избегнуваме каков било директен предизвик на руското влијание во Југославија, Албанија, Романија и во Бугарија, да ја искористиме секоја можност за ширење на британското влијание во овие земји".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Новиот режим на Бен Али, по бурните настани, настојуваше да го оттргне вниманието од заминувањето од владетелскиот врв на дотогаш неприкосновениот Хабиб Бургиба, не само на нацијата, туку и на големиот дипломатски кор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)