Зошто да не ја замоли Јованка да го потсети на некои од поединостите што можеби не му паднале на ум, не ги забележал, или пак му се измолкнале од вниманието додека ја земаше поканата во оној налет на еуфорија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Седејќи како во прекрасен сон, Винстон не обрна внимание додека се полнеше неговата чаша.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Макар што му беше чуден и не толку разбирлив стилот на Горски, сепак Дримски покажуваше барем навидум особена доза на внимание додека го слушаше како зборува: - Историјата не нѐ милувала многу во минатото, но, и географијата не ни била дарежлива.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)