внук (имн.) - од (предл.)

Жените немаа храброст да ја поминат талпата над отворената уста на влезот, ама мажите и дечињата се разлазаа горе без да водат сметка што прави Геле Колишев со внуците од братот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тома најстариот внук од сите внучиња, Тома гордост на дедо чие име го носеше. Тома љубимецот на целото семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Прашања како прашања, а ваму дошло време да се пека внук од школо да се чека. 3. октомври 2009.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мајкината историја на балканскиот егзил започнува уште од детството кога со семејството ќе се најде во Влора во славниот конак на Еќрем Беј Влора, внукот од вујкото на маќеата на Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)