Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)