Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наеднаш почувствувал дека е позрел од сите живи и мртви од дружината што се грбавеле по поаѓањето од Кукулино, село со четириесет и три недовршени воденици на реката Давидица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И сепак не можел да бега, дури ни да сонува бегство кон ѕвезди и кон средби; во дружината бил, на земјата ѝ припаѓал таков - дрипав и заборавен но пркосен за да не клекне пред сенките и сеништата на ноќта. „... нема!“ Господи...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)