„Овде е возбудата на славењето на Неговото име“, си помисли, „овде, на папирусов, токму во овие празни, формални поздрави“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Мажот е желен, жената пожелна
и така во недоглед возбудата
на раскажувањето живнува
јазикот е топол како крв
ласцивен кога бликнува
опсцен кога засирува
јагула-јазик
совршен и кога е разголен
без кошула без лушпа
како од матка изведен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Проектот на кој Константин З. се ангажира, сега личи на локомотива во полно движење којашто и тој ја ложи, и кое движење, како впрочем кога е човек на какво било авантуристичко патување, му го одржува психолошкиот тонус цврст, а возбудите на кои патем наидува, воедначениот, монотон живот му го прават значително повозбудлив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Возбудата на надворешниот свет допираше до него обесилено, како лесен здив на далечен ветер во топлата соба.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ај, не станувам дури да се развидели - и домаќинката, до мене заспана уште малку да си поспие... си вели Петре - со здив притаен а очи оџарени ја скорива возбудата на она далечно време, кога Ѕвезда, домаќинката негова во големи пости пред Рождество Христово му кажала дека е несама...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)