Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Жените се настрвија на зрелите и дрочни, црвени и црни капини, не мислејќи на трњето со кои се штитеа дарежливите плодови од ненамерните натрапници, а мажите го враќаа чекорот назад од помислата дека некој вол го подмочал пред да го однесат на колење за некоја трпеза надвор од листата за јадења.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Инаку зошто станал костреш без силни и игличести перки тој светец на опакоста и кобата што пуштал крв од туѓи жили, што колел туѓи волиња, што ловел малоумници за да бидат обесени?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Само тоа воле го имам, рекол Орлен Шумков. - Волето пак ќе ти остане, се обидел да помогне Онисифор Проказник. - Или сакаш да се здружиш со друг?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)