Сознанието дека сите овие буричкања во нејзиниот мев се дел од настанот во полето, а не од некаква расипана храна, ја парализира волјата во неа, ѝ ја уништи и последната надеж дека било кога ќе стане едно тело со Димостена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Толку е почовечки да се предаде својата судбина, својата желба, својата волја во рацете на некој друг. 68 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Како да си поигруваа со нас некои црни сили! Како да бевме тргнале по своја волја во некој тежок погубен поход.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Влезен по моја волја во апсурдната игра на враќањето во родната земја по долгиот емигрантски егзил, тешко гледав излез, без да се изневерам себе си...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ужасна екстаза од страв и од одмаздољубивост, од желба за убивање, за тортура, за смачкување на лица со ковачки чекан, изгледаше како да тече низ целата група како електрична струја, претворајќи го човекот и против неговата волја во размавтан и разврескан лудак.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)