Така, со овој закон е предвидено дека за да може да биде упатен еден работник за извршување на градежни и други сезонски работи во други држави, во случај кога упатувањето се врши преку проектни договори потребно е да има склучен договор помеѓу РМ и земјата во која работникот ќе ги извршува работите како и договор за вработување склучен помеѓу работодавачот кој го ангажира работникот и самиот работник. (чл. 2) Упатувањето на работниците се врши така што работодавачот којшто има потреба да ангажира работници претходно доставува конкретна потреба од работници до министерството надлежно за работите од областа на трудот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Судијата има право на годишен одмор во траење од 26 работни дена (чл. 72, ст.1sq и ст.5 од ЗСуд). 6. Со денот на отворањето на стечајната постапка договорите за вработување склучени меѓу работникот и работодавецот- должник престануваат [по сила на закон].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конкретно, со измената и дополнувањето од 2008 година парични- те казни за агенциите за привремени вработувања се зголемуваат од 100.000 до 200.000 (околу 1.600 до 3.600 евра) на 2.000 до 4.000 евра ако ги прекршат одредбите од член 18, односно: ако го прекршат склучениот договор за отстапување на работникот помеѓу агенцијата и друг работодавач и договорот за вработување склучен меѓу агенцијата и работникот кој се отстапува на друг работодавач за замена на привремено отсутен работник; доколку не се формирани според критериумите пропишани во законот; доколку почнат со работа без дозвола или вршат работа за привремено вработување надвор од земјата; доколку склучуваат договори за вработување над бројот на договорите за кои е издадена лиценцата; доколку платата на отстапениот работникот е помала кај работодавачот корисник на истите работи; доколку бараат надоместок за услугите од лицата кои ги вработува итн.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)