Половото вознемирување се дефинира како секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, а дополнително се пропиша дека вознемирување на работно место претставува и поттикнување или наведување на однесување на вознемирување (чл. 5).77
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
А, во посебен член, признато е и правото на обештетување, при што е наведено дека во случаите на дискриминација, кандидатот за вработување или работникот има право да бара надомест на штета – во висина од пет месечни просечни плати.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Види и Таше Стрезовски (превод): Правила на судот за работни односи за индиректна дискриминација во работните понуди – Искуства од Велика Британија; Правник – бр. 200, дек. 2008, стр. 12. 22 како и посебните права на родителите, посвоителите и штитениците (чл. 11, ЗРО/05); б) во рамките на антидискриминаторските одредби воведена е дистинкција помеѓу термините „вознемирување“ на работно место – тоа е секое несакано однесување предизвикано со некое дискриминаторско дејствие или акт, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а коешто предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување; и „полово вознемирување“ – секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување (чл. 9, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Помеѓу поважните ново-предвидени прекршоци се следните четири: а) поттикнувањето или учеството во незаконски вработувања на странци во Република Македонија или на државјани на Република Македонија во странство; б) невраќањето на работната дозвола на странецот со кој не се склучило вработување или договорен однос или чиј работниот однос е прекинат пред истекот на времетраењето на работната дозвола; в) необезбедувањето на условите предвидени со Законот за работни односи и г) недоставувањето на работната дозвола на барање на надзорниот орган (чл. 39-49, ЗВРС и чл. 12, ЗУЗРОСД).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Новина е и воведувањето на антидискриминациска одредба согласно која работодавачот, при вработување или работа на странец, не смее да го стави барателот на вработувањето, односно работникот во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидноста, религиозното, политичкото или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статусот на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
7. Види ги, на пример, трудовите на Тодор Каламатиев: „Способност за склучување на договор за вработување“; Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – том 42 (во чест на Тодорка Оровчанец); Скопје, 2006; стр. 460-473 или, пак, оној на Гзиме Старова: „Договор за вработување или договор за работа – Дилеми во Законот за работни односи на РМ“; Зборник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Правниот факултет при Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (том 2); Скопје, 2007; стр. 344-353.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во законскиот или договорно определениот отказен рок... (чл. 87, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во поглед на т.н. минимални отказни рокови ситуацијата е следна: ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец, а со договорот за вработување или со колективниот договор може да биде договорен подолг отказен рок – меѓутоа не подолг од три месеца; Ако работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен работник или на помал број работници – отказниот рок е еден месец, а два месеца во случај на престанок на работен однос на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Додатоците на платата, пак, се определуваат за посебните услови при работа, коишто произлегуваат од распоредот на работното време – и тоа за: работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство согласно закон, продолжена работа, 222 работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж (чл. 106, ст.3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5. Вознемирување, во смисла на ЗРО, е секое несакано однесување кое ги прекршува т.н. „забрани за дискриминација“, а кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, и кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување (чл. 9, ст. 2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)