Едо се насмевна поткревајќи ја главата од што врапчето се исплаши и одлета.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Врапчињата се натпеваат, целата шума потпевнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Речи обично - по веќе определен ред, веќе видено, познато... редење на столчиња во холот, а тоа значи дека откако ќе заврши приредбата - враќање во училиште... мораше така, немаше друг излез... како наводенети врапчиња се прибравме во холот... а надвор врне, со студен ветер, небаре секој миг ќе заснежи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Благица беше пресреќна дека врапчето се навикна со нив, како тука да е израснато.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Врапчето се помрдна и закопча канџи за прстот на Циљка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)