„Леле, некој ми ја уби моја Султана, а притоа и вратата ми ја залости, за да не можам да влезам да ѝ ги склопам очите".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога тргнав кон влезната врата ми се стори дека го догледав татко ми крај прозорецот и во другиот момент го немаше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ме избрка и на вратата ми рече: „Рацете ќе ти ги искршам ако уште еднаш те фатам да пишуваш вакви глупости!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)