Драг пријателе, врата отворена секогаш, за твојата лоза со добри намери. Повторувам.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ако сакаш цела ноќ остави ја вратата отворена и спи, никој ништо не ти гиба.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Потоа ги пушти и говедата. Додека тие пиеја вода и се бавеа, изненадени од снегот, преку кој и тие не се решаваа да загазат, Бојан им фрли малку сено во предниот дел од тремот, оставајќи ја вратата отворена, сами да се вратат и да влезат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мајка обично ја држеше вратата отворена.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
(Излегуваат кон клозетот и ја оставаат вратата отворена. По малку, се враќа Фезлиев. Оди кон кујната.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Максим ја отвора вратата, Влези му вели на Васила и додека држејќи ја вратата отворена чека да ги избрише Васил опинците првин од штиците на чардакот потоа и од чергичето пред прагот на одајата, пред него пред Васила во одајата, прерипнувајќи го прагот, влегува Караман.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Издивна длабоко, тешко и продолжи: „Присетувајќи се, кутриот, на птицата и гледајќи што му се случи, му прелета за миг мислата: случајно ли ја остави чуварот вратата отворена или намерно?“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)