Му рече Марин Крусиќ, кога момчакот на враќање ги растовари рибите, излезе од чунот, и кога сфати дека го чекал, му пријде, како на нешто неминовно, како на судбина:
„Ти Влав ли си?“ го праша овој.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Трагичното се состои во прилогот
што го пружаме лично и свесно
кон несреќата, наша и на другите
особено љубените
Господине, но
смртта има своја предисторија
и може да се посматра во развој:
рано во детството се огласува
во лажните утехи за починот на блиските
во ветувањето дека се отсутни само привремено
и дека ќе се вратат
- тогаш зборот враќање
ги почнува своите преобразби -
во криењето, небаре од урок
на ожолтениот портрет на покојникот
оти и памтењето е враќање
безгласно како самрак;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На враќање ги собра писмата од сандачето. Набрзина фрли поглед на сите. Сите беа за комунални давачки адресирани на машина за пишување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)