Полжавчињата на неговото месо пуштале рокчиња на чии врвови можело да се почувствува и најмалото движење на жената.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со извишувањето на сиџилската тврдина, од нејзиниот врв можеше да се гледа далеку, во отоманското време, но и во иднината...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со чело го почувствувал брзите удари на туѓото срце што пуштало од себе невидливи жилички за да го стисне во нежна мрежа на чинки под чија лелеавост ќе заспие со машка недореченост на младата става изградена и склопена од безброј секакви сетила и непокорна на законите што важат за сите живи страственици, од најмалата и најбезначајната мравулка до човекот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)